Лоши вести од Турција: Легендарен голман заразен со коронавирус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот голман на Барселона  и легенда на турскиот фудбал Рушту Речбер е заразен со коронавирус. Лошата вест е дека 46-годишниот чувар на мрежата е хоспитализиран.

Овој голман не брани од 2012 година, а покрај Барселона, во текот на кариерата настапуваше и за Фенербахче и Бешикташ. За Турција одигра 124 меча и е еден од рекордерите.

Турција е една од земјите во која заразата најбрзо се шири. Во моментов има повеќе од 7.400 позитивни на вирусот, како и повеќе од 110 починати лица.