Лотито потврди дека Тудор е нов тренер на Лацио


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито во разговор со италијанските медиуми потврди дека Игор Тудор е замената за Маурицио Сари на кормилото на калчолигашот.

Хрватскиот тренер претходно работеше во Олимпик Марсеј, а сега ќе добие задача да го врати Лацио на победнички патеки.

„Во Игор видовме личност која е во состојба да ја насочи екипата кон вистинскиот пат. Тудор има искуство, карактер и способност. Не сакам да зборувам за Сари, време е да се стави точка на тоа“, кажа Лотито.