Луда прослава во Монако: Леклер го турна првиот човек на Ферари во вода (Видео)


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја оствари првата победа на домашен терен во Монте Карло и испиша историја.

Леклер по трката кажа дека се чувствува неверојатно затоа што остварил голем успех.

„Мојот татко даде сè за да бидам тука, да се натпреварувам и да победам“, кажа Леклер.

По победата следеше луда прослава, при која Леклер го турна првиот човек на Ферари, Фредерик Васер во водата.