Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот шампион Вардар славеше со 31-24 против Пелистер во дербито во Суперлигата, а мечот во СЦ „Јане Сандански“ го одбележа и инцидент во првото полувреме.
Во првото полувреме се водеше израмнета битка на теренот, по што на средината од полувремето следеше инцидент, кога Чкембари ги нападнаа домашните навивачи со факели.
Вардар го доби првото полувреме со 13-10, по што водството продолжи да расте во вторите 30 минути и достигна 31-24.
Филип Талески и Дејан Манасков постигнаа по седум голови за Вардар, додека Жарко Пешевски запиша пет погодоци за Пелистер.