Лудница на „Емирати“: Залудни ножичките на Обамејанг, Олимпијакос се пласираше во осминафиналето (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неверојатен фудбал, посебно во продолженијата, видовме на „Емирати“ каде се сретнаа Арсенал и Олимпијакос.

„Топчиите“ беа големи фаворити за победа, меѓутоа гостинот од Грција стигна до потребната победа од 1:0 која ги однесе до продолженијата.

Олимпијакос бркаше пенали, а Арсенал бркаше гол со кој ќе се доближеа до пласман во осминафиналето. Тоа и се случи во 113. минута кога Обамејанг постигна фантастичен гол со ножички.

Кога многумина мислеа дека е завршена работата, Ел Араби во 119 минута постигна гол со кој го замолкна цел стадион и ги фрли во транс гостите од Грција.

За маката да биде уште поголема Обаејанг во 123. минута промаши неверојатна прилика за пласман на Арсенал во осминафиналето.