Лукаку не го интересира Манчестер сити, ќе остане во Интер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми објавија дека Манчестер сити сака да го ангажира Ромелу Лукаку, но тоа воопшто нема да биде лесно.

„Граѓаните“ сметаат дека Лукаку ќе биде идеална замена за Серхио Агуеро, кој има договор со Манчестер сити до крајот на сезонава.

Пеп Гвардиола е подготвен да испрати богата понуда до Интер и Лукаку, но „Газета дело спорт“ откри дека напаѓачот сака да остане во Милано.

Италијанскиот медиум објави дека Лукаку е подготвен да ги одбие милионите на „граѓаните“ затоа што е среќен во Интер.