Лукаку постигна победнички гол, па беше жртва на расистички навреди!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер синоќа го имаа првото гостување во новата сезона, а победија со 2-1 против Каљари.

Победничкиот гол го постигна Ромелу Лукаку во 72. минута од пенал, па многу добро ја почна новата сезона.

Сепак, при изведување на пеналот, а и откако постигна гол, Лукаку беше жртва на расистички навреди.

Па така Лукаку стана само уште еден фудбалер во низата кои се соочија со овој проблем во Италија.

„Од клупата не слушнав ништо, но Италија мора да се едуцира за такви работи. Кога играте надвор, вие имате многу повеќе почит, зашто навивачите ги интересира поддржувањето на нивните екипи“, порача тренерот на Интер, Антонио Конте.