Лукаку се сели во Јувентус само под еден услов


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус е заинтересиран за Ромелу Лукаку од Челси и нуди 37,5 милиони евра плус 2,5 милиони во бонуси за неговиот потпис, меѓутоа постои услов за да се реализира овој трансфер.

Лукаку веќе преговарал со „бјанконерите“ и тоа го налути Интер, кој се повлече од трката за неговиот потпис, но Белгиецот не се грижи премногу.

За да се реализира неговиот трансфер во Јувентус треба прво да биде продаден Душан Влаховиќ, а за неговите услуги е заинтересиран францускиот гигант ПСЖ.

Фабрицио Романо објави дека ПСЖ веќе некое време го следи Влаховиќ и наскоро ќе испрати понуда, а рокот за реализација на трансферот е крајот на јули.