Лукаку стигна најбрзо до 20 погодоци во дресот на Интер (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ромелу Лукаку беше критикуван додека го носеше дресот на Манчестер јунајтед. Сепак, Белгиецот се препороди откако пристигна во Интер и веднаш почна да го покажува квалитетот, а неговата игра во дресот на „нераѕурите“ станаа уште еден доказ дека на „Олд Трафорд“ нешто друго не е во ред.

Лукаку постигна 20 голови во дресот на Интер, а тоа го направи побрзо од било кој друг фудбалер досега.

Белгиецот до бројката од 20 погодоци стигна за 29 меча, додека легендарниот Роналдо успеа да стигне до истиот број голови за 31 меч.