Лукаку замина за Лондон да потпише со Челси

Ромелу Лукаку замина за Лондон каде што ќе го комплетира трансферот во Челси за неверојатни 115 милиони евра.

Интер ја прифати понудата од Челси и Лукаку ги мина медицинските прегледи, по што во Лондон заминува за да потпише договор и да му се приклучи на својот поранешен клуб.

Лукаку од Челси ќе добива по 12 милиони евра годишно, а ова е негов втор мандат о Челси, откако во првиот дел од кариерата настапи само на 15 натпревари.