Лукаку заминува од Лондон: Челси добива нов напаѓач, но и голман!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси наскоро планира да направи размена со Јувентус, па така Ромелу Лукаку ќе замине во Торино, додека Душан Влаховиќ ќе се пресели во Лондон.

Џанлука Ди Марцио Објави дека Челси се согласил на размена, иако претходно бараше 40 милиони евра за потписот на Лукаку.

Влаховиќ имаше неколку повреди откако пристигна во Јувентус и не ги оправда очекувањата, па затоа среќата ќе си ја бара во Лондон.

Ова нема да биде последен трансфер за Челси, кој испратил понуда до Брајтон за нивниот голман Роберт Санчез, но засега нема одговор од „галебите“.