Магдебург му се заблагодари за соработката на Кузмановски (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски по една сезона се раздели од бундеслигашот Магдебург, па следната сезона треба да игра за Хановер.

Кузмановски на доби доволно шанса и минутажа во Магдебург, па поради тоа се реши да го напушти клубот со кој имаше потпишано тригодишен договор.

Магдебург преку социјалните мрежи му се заблагодари за соработката на македонскиот ракометар.

„Специјалната и чудна сезона заврши. Вообичаено им кажуваме збогу на ракометарите на последниот меч на домашен терен. За жал, тоа не е возможно за нас оваа година. ви посакуваме сè најдобро. Ви благодариме!“, пишуваше меѓу другото во честитката.