Магдевски стана втор Македонец со трипл-дабл во странство и доби награда за МВП


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот кошаркар Андреј Магдевски стана вториот Македонец со трипл-дабл остварен во странство, па поради тоа ја доби наградата за МВП на колото во Романија.

Магдевски одигра одличен натпревар во второто коло од романскиот шампионат за Плоешти и тоа беше наградено со признание за најкорисен кошаркар на дуелот.

Кошаркарот постигна трипл-дабл со 13 поени, 13 асистенции и 10 скокови во победата на Плошети, иако мина 30 минути на паркетот против Рапид Букурешт.