Магнет за трофеи: Менди со одиграни 22 натпревари прослави неверојатни шест трофеи…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити вчера ја одбрани титулата во Англија бидејќи како гости славеа против Брајтон со 4:1, и така со еден бод предност завршија пред Ливерпул.

„Граѓаните“ одиграа фантастична сезона во која освоија дури 98 бодови и заслужено дојдоа до трофејот иако второпласираниот Ливерпул имаше само еден бод помалку од клубот од „Енфилд“.

Но, во одлучувачкиот меч Сити убедливо го совлада Брајтон со 4:1 по што можеше да почне прославата за титулата. Играчите со навивачите втора година во низа ја прославија титулата на „Итхад“ и за следната година.

На прославата на титулата беше и Бенџамин Менди кој е еден од најскапите бекови во историјата. Менди во Сити дојде пред две години од Монако, но поради тешките повреди не се наигра.

Францускиот репрезентативец за една година одигра само 22 натпревари, но освои импресивни шест трофеи. Иако не беше значаен дел од тимот, Менди секој трофеј го славеше како секоја минута да ја минал на теренот.

Менди во изминатите 12 месеци со Манчестер Сити освои две шампионски титули, два трофеи во Лига Купот, Комјунити шилд и трофеј на СП во Франција изминатото лето во Русија. Тогаш за Триколорите одигра само 20 минути.