Мајами Хит до победа од финалето во НБА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Мајами Хит го совладаа Бостон Селтикс со 112:109 и поведоа со 3:1 во финалето на Источната конференција на НБА-лигата.

Мајами беше тој што имаше резултатска предност скоро во текот на целиот натпревар. Бостон беше постојано близу, но во никој случај не успеа да направи серија за да поведе и да се одвои до некоја значајна предност.

Селтикси поведоа на почетокот од последната четвртина, но наскоро Хит ја вратија контролата над играта и на крајот успеаа да дојдат до трета победа во серија и водство од 3-1.

Екипата од Мајами е на само победа од пласман во финалето од НБА-лигата, а петтиот натпревар од серијата се игра ноќта од петок кон сабота.

Фантастичен во редовите на Хит беше Тајлер Хиро кој натпреварот го заврши со 37 поени и имаше голема помош во Батлер (24, 9 ск.), Драгиќ (22 п) и Бам Адебајо (20 п, 12 ч.).

Од друга страна кај Селтикс Џејсон Тејтум постигна 28 поени и фати девет топки, додека Џејлин Браун имаше 21 поен и девет скока. Кемба Вокер постигна 20 поени.