Мајами и Минесота се „чекираа“ во плејофот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мајами хит славеше со 102-91 против Чикаго булс, додека Минесота ја совлада Оклахома со 120-95 со што двете екипи обезбедија место во плејофот во НБА-лигата.

Батлер и Штрус беа одлични во победата против Чикаго и двајцата постигнаа по 31 поен, додека на спротивната страна најдобар беше Дерозан со 26 поени.

Минесота до триумф ја предводеше Таунс со 28 поени и 11 скокови, додека Гобер постигна 21 поен и 10 скокови.

Во плејофот ќе играат Милвоки – Мајами, Кливленд – Њујорк, Бостон – Атланта, Филаделфија – Бруклин, Денвер – Минесота, Феникс – ЛА Клиперс, Мемфис – ЛА Лејкерс, Сакраменто – Голден стејт.