Мајк Фелан лично ги следел неговите настапи: Манчестер Јунајтед пред ангажман на нов играч од Чемпионшип


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и покрај лошите резултати во првиот дел од сезоната и во јануари ќе продолжи да купува млади фудбалери.

Така, „ѓаволите“ му фрлиле око на 16 годишниот фудбалер на Бирмингем, Џуџ Белингем. Станува збор за играч кој е прогласен како еден од најголемите таленти во Англија.

Белингем со само 16 години веќе има 18 настапи во Чемпионшип лигата на кои постигнал два погодоци.

Негова примарна позиција е на средината на теренот, но еднакво добро може да покрива и по крилните позиции.

Наводно, Мајк Фелан лично се уверил во неговите квалитети затоа што во живо го следел на неколку натпревари оваа сезона, а импресиите му ги пренел на Оле Гунар Солскјер.

За неговиот потпис „ѓаволите“ ќе платат околу 10 милиони евра.