Мајката на Рабио ќе му го уништи трансферот во Јунајтед!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Адриен Рабио требаше да се пресели од Јувентус во Манчестер јунајтед, но трансферот би можел да пропадне поради алчната мајка и менаџерка на фудбалерот, Вероника.

Мајката на Рабио се грижи за неговата кариера и сака да извлече што е можно подобри услови за нејзиниот син, иако клубовите се договорија претходно за трансфер од 17 милиони евра.

Вероника побарала плата од дури 10 милиони евра годишно, а тоа е премногу за „црвените ѓаволи“, кои би можеле да се откажат од трансферот во последен момент.

Рабио има договор со Јувентус до крајот на оваа сезона, по што ќе стане слободен играч и ќе може да бира во кој тим ќе се пресели без некој да плаќа отштета за неговите услуги.