Мајсторски гол на Алиоски, Лидс останува на врвот во Чемпионшип (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец, Џани Алиоски постигна феноменален погодок во денешната победа на неговиот Лидс против Хадерсфилд.

Лидс Јунајтед славеше со 2:0, а првиот погодок на средбата беше дело токму на нашиот Џани кој налета на една одбиена топка и на одличен начин ја смести во мрежата на Хадерсфилд.

Oва е трет погодок за нашиот интернационалец оваа година во дресот на Лидс Јунајтед. Неговиот клуб и оваа година се наоѓа на врвот во Чемпионшип лигата и до крај ќе се бори за пласман во Премиер лигата.