Македонците им оддадоа почит на жртвите: Ечи „Кочани, Кочани“ во Вадуц (Видео)


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација денеска има значајна поддршка од македонските навивачи кои се собраа на трибините во Вадуц за да ги бодрат „црвено-жолтите“ во квалификацискиот дуел против Лихтенштајн за пласман на Светското првенство 2026.

Освен спортскиот натпревар, средбата беше обележана и со еден многу трогателен момент. Во 59. минута од мечот, трибините одекнаа со громогласно скандирање на името „Кочани“, со што навивачите им оддадоа почит на 59 жртви кои трагично ги загубија животите во кобниот пожар што ја потресе Македонија.