Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската репрезе до 18 години предводена од Вујадин Станојковиќ ја совлада Албанија и во втората пријателска средба. На натпреварот кој се одигра во Охрид Македонија повторно убедливо со 3-1 покажа дека оваа генерација има потенцијал за големи ус
За два од трите гола заслужен беше Димитар Митровски, кој го отвори резултатот во 35 минута со гол од 30 метри, а вториотнегов погодок дојде во 70 минута со гол од слободен удар. Во листата на стрелците се запиша и Марио Станковски со гол во 48 минута.
За Македонија во игра влегоа дури 18 од повиканите 20 играчи.
На списокот на селекторот Станојковиќ за овој пријателски двоец на репрезентацијата до 18 години беа повикани: Ристе Шпиров, Тодор Тодороски, Михаил Маневски, Андреј Кировски, Антонио Митрев, Аздрен Мена, Јани Атанасов, Марио Станковски, Димитар Митровски, Кристијан Трапановски, Ељиф Елмаз, Христијан Стевковски, Бане Маневски, Кирил Ристовски, Филип Стојчевски, Христијан Делевски, Бобан Здравевски, Борче Ласков, Дамјан Менкиноски и Дарко Размоски.