Македонија без Ѓорѓиев немоќна против Холандија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските одбојкари беа поразени од Холандија во три сета со 19-25, 19-25 и 16-25, но и покрај тоа избраниците на Јошко Миленковски ќе се обидат во дуелот против Чешка да се изборат за трето место во групата.

Македонија се бореше храбро против Холандија до 14-15 во првиот сет, по што нашиот ривал влезе во серија и го освои сетот со 25-19.

Холандија беше добра и во вториот сет и поведе со 19-9, но потоа Македонија се разбуди и намали на 17-20. Сепак, Холанѓаните беа подобри со 25-19.

Во третиот сет Холандија повторно доминираше и на крајот со 25-16 го потврди триумфот против Македонија.