Македонија без Миовски и со еден дебитант ќе се соочи со Украина и Англија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Македонија, Благоја Милевски денеска го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Украина и Англија во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП).

На списокот на Милевски го нема Бојан Миовски кој заработи сериозна повреда на последниот меч за Абердин, а во нападот за овие дуели е повикан Илија Несторовски. Дебитантски повик доби и Сефер Емини, кој игра во Сондерсјике од Данска.

Македонија првиот меч го игра против Украина на 16 јуни, додека три дена подоцна гостува кај Англија.