Македонија доби нов Американец со искуство од НБА: Не се двоумев да кажам – Да!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонија има нов репрезентативец, а тоа е Американецот Џејкоб Вајли, кој има искуство од НБА-лигата, а сега игра за Гран Канарија и има 26 години, а висок е 203 сантиметри.

Неговата процедура за да добие македонско државјанство е завршена, па тој беше регистриран во канцеларијата на ФИБА, со што Македонија доби големо засилување.

„Сакам да се заблагодарам на претседателот на федерацијата, Перо Антиќ, кој ми даде шанса да игра за Македонија. Благодарен сум за можноста да ја претставувам Македонија. И кога ми беше претставена идејата да играм за оваа земја, не се двоумев да кажам – Да!“, вели Вајли.

Вајли има искуство од НБА-лигата, откако во 2017 година играше за Бруклин нетс и запиша пет настапи, а следното лето заигра за Далас маверикс во летната лига.

ФОТО: КФСМ