Македонија е во финале – Со пресврт одбојкарите ја совладаа Австрија


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Одбојкарите на Македонија денес во Варна одиграа полуфинален натпревар против репрезентацијата на Австрија кој го добија со 3:2 во сетови и се пласираа во финале.

Се започна добро за македонските одбојкари, првиот сет го добија со 25:23. Следуваше пад во играта на македонските одбојкари и загубија 2 сета по ред, 23:25 и 17:25. Четвртиот сет го добија со 25:19 и израмнија во сетови. Во одлучувачкиот пети сет македонските одбојкари беа подобри со 15:13 и се пласираа во финалето на европската лига.

Во финалето ќе го чекаат победникот од натпреварот Естонија – Бугарија.