Македонија ги „потопи“ Фарски Острови и ќе игра на СП 2025!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација славеше со 34-26 против Фарски Острови во реваншот од баражот за пласман на Светското првенство (СП) во 2025 година.

Гостите имаа предност на почетокот на средбата, но Македонија набрзо ја презема контролата и доминираше на паркетот за да замине на полувреме со водство од четири гола.

Македонија беше одлична и во второто полувреме кога конечно го растури отпорот на Фарски Острови и стигна до посакуваното водство кое го зачува до крајот на дуелот (34-26).

Жарко Пешевски постигна осум голови, додека Филип Кузмановски запиша седум погодоци за Македонија.