Македонија го доживеа првиот пораз во Евроквалификациите (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија го доживеа првиот пораз во квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи во 2020 година откако загуби со 1:0 од првопласираната селекција во нашата група, Полска.

Стрелец на единствениот погодок беше Криштоф Пјонтек во 47. минута од натпреварот кога ја удри топката доволно за таа во целата мешаница да заврши зад грбот на Столе Димитриевски.

Македонија имаше свои шанси, но ниту еднаш не се закани сериозно кон голот на Лукаш Фабијански.

Со оваа победа Полска остана на врвот на табелата ос девет поени од три средби, додека Македонија остана на третата позиција со освоени четири поени.