Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонската женска ракометна репрезентација ќе настапи на Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Кристијан Грчевски заедно со ракометарките вечерва од 20.30 часот ќе се соочат против Шведска во „Фоникс Арена“, додека претходно во нашата група играат Унгарија и Турција од 18 часот.
Македонија потоа игра против Турција во второто коло на 30 ноември од 20.30 часот, додека на 2 декември ќе се соочи со Унгарија од 18 часот.
Двете најдобри репрезентации од секоја група ќе се пласираат во следната фаза од натпреварувањето.