Македонија ја разнесе Бугарија со 29 поени разлика!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младите македонски кошаркари имаа лош почеток на натпреварот и Бугарија ја доби првата четвртина со 18-15, но тоа го вклучи алармот кај нашите играчи кои заиграа подобро во продолжение.

Македонија направи пресврт во втората четвртина и на паузата замина со водство од 40-33, а како минуваше времето така растеше предноста на македонските кошаркари, кои на крајот триумфираа со 83-54.

Теодор Симиќ беше најефикасен со 21 поен, додека Андреј Митревски постигна 19 поени. Македонија има две победи и еден пораз по три одиграни меча во групата А.