Македонија на ОИ: Балабан не ги помина квалификациите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нашата земја на ОИ отиде со 6 претставници. Нина Балабан е една од нив и таа е во стрелаштвото.

Нина веќе денеска учествуваше на ОИ во квалификации во дисциплината стрелање од 10 метри. Таа не успеа да се квалификува и да оди понатаму бидејќи заврши на 42то место од вкупно 51 натпреварувач.

Балабан освои 407.7 поени. Првото место во квалификации го освои Ду Ли од Кина со 420.7 поени. Квалификациите ги поминуваат само првите осум натпреварувачки.

На истата дисциплина во финалето најуспешна беше американката Трашер со 208 поени, среброто го освои Ду Ли со поен помалку додека бронзата отиде кај Џи Шинг која заврши со 185.4 поени.