Македонија преку Финска го потврди учеството на ЕП 2022

Македонските ракометари изборија пласман на Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во 2022 година, откако денеска ја совладаа Финска со 27-22 во ептен тежок натпревар.

Македонија налета на голем отпор од страна на репрезентацијата на Финска, која постојано го одржуваше резултатот и не им дозволи на нашите ракометари да создадат поголема предност.

Сепак, Финска влезе во црн период во кој дури девет минути не постигна гол и тоа нашите ракометари го казнија, со што избегаа на 23-19 и така ги решија дилемите за победникот.