Македонија загуби и од Чешка: Италија нè знае како дишеме, но ќе дадеме сè од себе!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската одбојкарска репрезентација денеска загуби од Чешка со 0-3 во сетови и ја заврши групната фаза на четвртото место, кое ни носи пласман во осминафиналето.

Македонија во осминафинале ќе се соочи против Италија во Бари, а тоа е една од најдобрите репрезентации во светот.

Алекасандар Љафтов по мечот кажа дека Чешка заслужила победа, но веќе се фокусираат на следниот меч.

„Чешка заслужи победа, таков е спортот, мора да се соочиме и со такви ситуации. Сонот си го исполнивме и одиме во Италија. Тие веќе знаат како дишеме, ќе биде тешко за нас, но ќе дадеме сè од себе“, кажа Љафтов.