Македонските кадети го освоија ЕХФ-шампионатот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација го освои ЕХФ-шампионатот со победата од 24-22 против Швајцарија во Рига, Летонија.

Кадетите во финишот се соочија со негатива од два гола (20-22), но потоа влегоа во ритам и со четири гола во серија успеаа да го обезбедат триумфот и титулата.

Македонија ја помина групната фаза со три победи, по што славеа и во полуфиналето, а вечерва и во финалето и така со перфектна игра обезбедија место на Европското првенство (ЕП) во 2024 година, како и Светското кадетско првенство следната година.