Мал клуб, а засилувања од Барселона, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челси…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гранада најмногу профитираше поради реномето кое го има тренерот Пако Хемез.

Гранада во оваа сезона ќе се бори за опстанок, а а кога се такви цели во прашање нема многу места за паметување – веќе го земате тоа што ви се нуди. Па барем тоа би било и краткорочно. Затоа клубот од Андалузија денеска потпиша со две засилувања – Андреас Переира од Манчестер Јунајтед и Серџи Сампер од Барселона на едногодишна позајмица.

Не е лошо, зарем не?

Нормално, за такво нешто мора да постои добра причина. А тој има и име – Пако Хемез. Овој 46-годишен стручнак има добар углед кога се големите клубови во прашање па тие со драга воља му даваат талентирани играчи кои имаат перспектива со цел да им даде минути, да научат по некој трик пред да се вратат во матичниот клуб.

Па така споменатите двајца, а така и со Жереми Бога и Викторијан Ангбобан од Челси и Џон Торал од Арсенал кои порано ги позајми Гранада.

Последните двајца играчи се многу талентирани. Двајцата се играчи за врска.

Сампер е тип на играч како Серхио Бускетс, нарекувајќи го уште “бисер од Ла Масија школата“, а на многумина навивачи им е жал што мора да оди на година дена од клубот. Сепак за овој 21-годишен фудбалер во така пеколна конкуренција на средината на теренот нема место.