Малдини замина во Брисел по засилување на Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот шампион Милан веќе се засили со Дивок Ориги, но наскоро би можел да ангажира уште едно засилување, а тоа е Шарл Де Кетелаер.

Одличниот Белгиец има само 21 година, а минатата сезона одигра 49 меча, при што постигна 18 голови и 10 асистенции за Клуб бриж.

Милан и Клуб Бриж се во преговори веќе некое време, а денеска за Брисел тргнаа спортските директори Малдини и Масара.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Милан за Белгиецот ќе плати околу 34 милиони евра, додека фудбалерот ќе потпише петгодишен договор со плата од 2,5 милиони евра по сезона.

За талентираниот фудбалер се заинтересирани и премиерлигашите Лестер сити и Лидс јунајтед.