Малус и Хориха се враќаат во составот на Вардар за реваншот против Монпелје (ФОТО)


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Вардар вечерва го очекува тежок предизвик против Монпелје, во реванш средбата од четвртфиналето во Европската лига на ЕХФ. Тимот предводен од Иван Чупиќ ќе биде засилен со Дмитро Хориха и Јака Малус, кои повторно се враќаат во составот.

Двајцата ракометари го пропуштија првиот натпревар во Франција, каде „црвено-црните“ доживеаја убедлив пораз од 23-33, но сега ќе се обидат да внесат свежина и квалитет во играта на Вардар во обидот за подвиг.