Манасков по пет сезони ќе се раздели од Веспрем!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков ќе се раздели со унгарскиот гигант Веспрем на крајот на сезоната, па од следната сезона левото крило ќе го гледаме во друга екипа.

Манасков веќе пет сезони е дел од унгарската екипа, каде што пристигна од Рајн-Некар Левен, додека претходно ги носеше дресовите на Вардар, Вецлар и Металург.

Левото крило во моментов е на рехабилитација по тешката повреда на коленото, која ја заработи во октомври, поради која не можеше ниту да ѝ помогне на Македонија на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Манасков во екипата на Веспрем одигра 156 меча и притоа постигна 536 погодоци, а засега не е познато каде би можел да ја продолжи кариерата.