Манчестер Јунајтед по заминувањето на Лукаку има нова „деветка“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ромелу Лукаку вчера и официјално го комплетираше заминувањето од Манчестер Јунајтед и преминот во редовите на Интер.

Само еден ден по неогвото заминување, дресот со број 9 кој го носеше Лукаку претходните две години сега се врати на грбот на Антони Марсијал.

Марсијал го доби овој број по неговиот трансфер од Монако, но по доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во клубот тој го загуби тој број и ја доби 11-ката.

Сега, Марсијал го има бројот со кој ги нанижа најголемите лични успеси со Манчестер Јунајтед и се надева дека ќе ги повтори партиите од неговата прва сезона на „Олд Трафорд“.