Манчестер јунајтед пред распад: Роналдо итно го повикал неговиот менаџер!

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо побарал помош од неговиот менаџер Жорж Мендеш, кој пристигнал во Англија на разговор.

Роналдо се врати минатото лето во англискиот гигант, но ситуацијата во тимот е очајна и поради тоа е загрижен португалскиот фудбалер.

Јунајтед во моментов игра ужасно и засега не е познато ниту дали ќе заврши во топ-4, односно дали ќе избори пласман во Лигата на шампиони (ЛШ) за следната сезона.

„Дејли Мејл“ објави дека Роналдо не е задоволен од тактиката на германскиот тренер Ралф Рангник, кој не може да го оживее тимот по заминувањето на Оле Гунар Солскјер.

Доколку „ѓаволите“ не изборат пласман во топ-4, тогаш постои голема шанса Роналдо да си замине од „Олд Трафорд“ на крај на сезоната.