Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот англиски шампион Манчестер јунајтед беше заинтересиран за услугите на Марко Арнаутовиќ, но сепак се откажа од неговите услуги, иако веќе имаше испратено понуда до Болоња.
Навивачите го покажаа незадоволството преку социјалните мрежи поради тоа што Јунајтед е заинтересиран за Арнаутовиќ, кој ѝ е добро познат на македонската, но и европската јавност поради неговиот потег на Евро 2020.
Арнаутовиќ го пцуеше македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски за време на средбата меѓу Австрија и Македонија, а за тоа беше известено раководството на Јунајтед, кое веднаш се повлече од преговорите.
Австрискиот репрезентативец со српски корени поради глупоста против Македонија си остана без голем трансфер во Премиерлигата.