Манчестер Сити не го пушта својот фудбалер во Барселона


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од редовите на Манчестер Сити планираат да му понудат нов договор на младиот фудбалер, Ерик Гарсија со цел да го отфрлат интересот на Барселона.

„Каталонците“ сакаат да го вратат играчот кој помина девет години во младинските категории на клубот и кој се пресели во Манчестер Сити во 2017 година.

Оваа сезона Ерик Гарсија има 11 настапи за првиот тим на Манчестер Сити од кои шест беа во Премиер лигата.

Барселона сериозно запна да го врати 19 годишниот фудбалер во своите редови, но Сити тешко дека ќе се откаже од неговите услуги.