Манчестер Сити официјализира големо засилување


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Од редовите на Манчестер Сити и официјално го претставија крилниот фудбалер на Валенсија, Феран Торес.

Младиот играч на „Етихад“ пристигна како замена за Лерој Сане кој кариерата ја продолжи во редовите на Баерн Минхен.

Феран Торес со Манчестер Сити потпиша петгодишен договор и ќе остане во Манчестер до 2025 година.

„Многу сум среќен што се приклучувам на Сити. Секој играч сака да биде инволвиран во напаѓачки тимови како Манчестер Сити кој е еден од најнапаѓачките тимови во светскиот фудбал“ –изјави Феран Торес.