Манчестер Сити се вклучи во трката за најбараниот тинејџер од Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер Сити е заинтересиран за фудбалерот на Бенфика, Жоао Феликс.

За одличниот 19 годишен фудбалер постои сериозен интерес од бројни клубови ширум Европа, а предничи интересот од Јувентус кој сака да го спои младиот фудбалер со неговиот сонародник, Кристијано Роналдо.

Пеп Гвардиола е пред обезбедување на потписот на Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон кој би требало да пристигне за сума од околу 70 милиони фунти, додека за Феликс ќе треба да издвојат околу 100 милиони фунти.