Манчини после 1:6: Не беше толку лошо…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот стручнак очигледно не знае кога треба да замолчи.

Тотенхем го понижи Интер на пријателски нартпревар во Осло (6:1), а тренерот на Интер Роберто Манчини како да сака намерно да скока по нервите на навивачите на миланскиот клуб, кои после овој тежок пораз не може да се надева на ништо добро во иднина. Барем, додека е тука Манчини.

Искусниот стручнак изјави дека е задоволен со играта на својата екипа во првото полувреме. Тогаш беше 1:1, а тогаш на пет минути пред крајот на првото полувреме Ерик Ламела со еврогол ги доведе Пеачите во водство.

„Никој не сака да губи, поготово не со овој резултат. Сепак, сакаме да играме против силна екипа и ако се исклучи резулзтатот, првото полувреме беше добро. После 50 минути направивме премногу грешки и тоа резултатот го покажува“, рече Манчини.

Италијанецот верува дека Интер може да оствари подобар пласман во однос на минатата сезона кога Нероаѕурите беа четврти.

„Во оваа сезона сакаме да напредуваме. Мораме да се тридуме и да работиме на себе со цел да бидеме спремни да ги оствариме зацртаните цели“, подвикна искусниот стручнак.

Роберто, нее спорно, Интер може подобро, но без тебе. Пакувај ги куферите, додека е време…