Мареј по драма од пет часа избори второ коло на Австралијан опен

Британскиот тенисер Енди Мареј обезбеди место во второто коло на Австралијан опен, откако по голема драма го совлада Матео Беретини со 3-2 во сетови, односно 6-3, 6-3, 4-6, 6-7 и 7-6.

Британецот направи брејк на самиот старт на првиот сет и го зачува водството за да го освои сетот со 6-3, по што Мареј играше одлично и во вториот за предност од 2-0.

Италијанецот се разигра во продолжение од средбата и ги доби следните два сета со 6-4 и 7-6 за да израмни на 2-2.

Голема битка се водеше во последниот сет, каде што Мареј беше поуспешен и со 7-6 го доби натпреварот.