Мареј со тројка во последна секунда го израдува Денвер (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денвер нагетс триумфираше против Портланд трејл блејзерс со 121-120 откако во последната секунда од мечот Мареј успеа да погоди тројка.

Натпреварот беше неизвесен и често екипите се менуваа во водство, но сепак Мареј беше херојот на Денвер откако погоди за 121-120.

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше блиску до трипл-дабл, откако постигна 33 поени, 10 скокови и девет асистенции, додека Мареј додаде 21 поен во победата.

На спротивната страна блесна Лилард кој постигна 40 поени и 12 асистенции, но тоа не му беше доволно на Портланд.