Марез призна дека бил блиску до трансфер во Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Сити, Ријад Марез призна дека бил многу блиску до трансфер во Ливерпул пред клубот да се одлучи да го ангажира Мо Салах.

Салах подоцна се покажа како феноменално засилување за „црвените“ затоа што веднаш стана клучна алка во тимот.

Ливерпул го побарал Марез во 2017 година, но откако пропаднале преговорите тие се насочиле кон ангажман на Египќанецот.  Алжирскиот интернационалец потоа останал уште една сезона во Лестер, а потоа се пресели во редовите на Манчестер Сити.

„Пред да потпишам за Манчестер Сити имаше интерес од Ливерпу, но потоа тие го ангажираа Мохамед Салах и се беше завршено“ –изјави Марез.