Марио Балотели го избркаа од тренинг-кампот на Бреша! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марио Балотели очигледно ја заврши својата авантура во Бреша. А најверојатно ниту самиот не беше свесен за тоа, па денеска му објаснија некои работи во клубот.

Балотели повеќе пати ги прекрши правилата на клубот, не се појавуваше на тренинг и поради тоа првиот човек на Бреша, Масимо Челино на крајот мораше да му се реваншира на напаѓачот.

„Ла Република“ во саботата објави дека Бреша го прекинала договорот со Балотели, иако официјална потврда од клубот засега нема.

Уште не е јасно дали Балотели официјално остана без клуб, а тој наводно се обидел да ја поправи ситуацијата, но очигледно доцна е за такво нешто.