Марио Балотели изненади многумина со изборот на новиот клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марио Балотели го избра новиот клуб во кој ќе ја продолжи својата контроверзна кариера.

Иако како млад ветуваше многу,неговиот темперамент не дозволи да изгради блескава кариера, па по епизодата во Марсеј, Марио Балотели кариерата ќе ја продолжи во Бразил.

Светските медиуми пишуваат дека Балотели е многу блиску до постигнување договор со бразилскиот гигант Фламенго.

Балотели постигна осум погодоци за Марсеј на 15 средби по неговиот јануарски трансфер од редовите на Ница.