Марјановиќ се изнервира и сакаше да истепа ривал од Феникс (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Центарот на Далас маверикс, Бобан Марјановиќ реагираше бурно на една провокација од кошаркарот на Феникс, Арон Холидеј.

Холидеј го провоцираше Динвиди, а тоа го забележа Марјановиќ кој се изнервира и реши да му одржи лекција.

Марјановиќ ги загуби нервите, па тргна кон Холидеј и сакаше физички да се пресмета со него, но за среќа реаиграа останатите кошаркари, па беше спречена тепачка меѓу нив.

Далас го совлада Феникс во седмиот меч и така избори финале во Западната конференција.